Центар за пристапност

Ги поврзуваме креативноста, пристапноста и инспирацијата за сите.

  • Изјава за пристапност
  • Посветеност на Spotify
  • Повратни информации за пристапност

Изјава за пристапност

Во Spotify, ја славиме креативноста на луѓето и се стремиме нашата платформа да можат да ја користат сите луѓе, вклучувајќи милион изведувачи и милијарди слушатели. Учејќи од експертите и ангажирајќи луѓе со животно искуство во полето на пристапноста, работиме на тоа секоја средба со нашите производи да биде инклузивна. Заедно, целта ни е да им дадеме моќ на сите да создаваат, откриваат и да се инспирираат.

Повратни информации за пристапност

За какви било прашања, како пристап до сметката, плаќање и технички проблеми, посети го нашиот сајт за поддршка или контактирај со поддршката за клиенти.

Сакаме да добиваме повратни информации за пристапноста од поединците кои можеби имаат проблеми поврзани со една од следниве области:

  • Пристапност на содржините, на пример, „Не можам да најдам текст за песните“ или „Имам проблем при пристапувањето до транскриптите од поткастите“
  • Дигитална пристпаност, на пример, „Не можам да ја користам помошната технологија за веб-сајтот или апликацијата“