Политика за колачиња на Spotify
Во сила од 29 мај 2023
2 Како ги користиме колачињата?
3 Опции за управување со колачиња и реклами засновани на интереси
Политикава опишува како Spotify ги користи колачињата. Отсега натаму, ќе ја нарекуваме „Политиката". Целта на политикава е да ви овозможи вам, како корисник на услугите и/или веб-сајтовите на Spotify (колективно ќе ги нарекуваме „Услугите"), јасни информации за целите за коишто Spotify користи колачиња и изборите што ги имате при управувањето со поставките за колачиња.
1. Што се тоа колачиња?
Колачињата се мали парчиња текст што се преземаат на вашиот уред, на пример, кога ќе посетите некој веб-сајт. Колачињата се корисни бидејќи им овозможуваат на Spotify и на нашите партнери уникатно да го препознаат вашиот уред и го поддржуваат континуитетот на вашето доживување, на пример, така што ни помагаат да ги разбереме вашите претпочитани вредности или претходни дејства. Повеќе општи податоци за колачињата може да најдете на: www.allaboutcookies.org.
2. Како ги користиме колачињата?
Колачињата вршат многу различни функции, на пример, ви овозможуваат ефикасно да се движите помеѓу страниците, ги помнат вашите претпочитани својства и генерално го подобруваат вашето корисничко доживување. Исто така, помагаат рекламите што ги гледате онлајн да бидат порелевантни за вас и за вашите интереси.
Spotify користи две главни категории колачиња: (1) строго неопходни колачиња; и (2) изборни колачиња:
1. Строго неопходни колачиња
Овие колачиња ги поставува Spotify или трета страна во наше име и се неопходни за да ви се овозможи да ги користите функциите на нашите услуги, како техничка испорака на содржини, поставување на претпочитаните вредности за приватност, најавување, плаќање или пополнување формулари. Без ваквите колачиња, нашите услуги не може да се овозможат, па не може да ги одбиете.
2. Изборни колачиња
Изборните колачиња може да бидат „колачиња од прва страна" или „колачиња од трета страна". Колачиња од прва страна се поставени директно од Spotify или од трета страна на наше барање. Колачињата од трета страна се поставени директно од трета страна или од Spotify на барање од трета страна, на пример, нашите даватели на услуги за аналитика или рекламирање. Може да најдете список со партнериве на линков. Spotify или нашите партнери ги користат изборните колачиња на следниве начини:
Тип колаче
|
Цел
|
---|---|
Строго неопходни колачиња
|
Овие колачиња се неопходни за да ви се овозможи да ги користите функциите на нашите услуги, како техничка испорака на содржини, поставување на претпочитаните вредности за приватност, најавување, плаќање или пополнување формулари. Без ваквите колачиња, нашите услуги не може да се овозможат, па не може да ги одбиете.
|
Колачиња за изведба
|
Овие колачиња прибираат податоци за начинот на којшто посетителите ги користат нашите услуги. На пример, колачињава ни овозможуваат да ги броиме посетите на нашиот веб-сајт и да разбереме како посетителите го нашле веб-сајтот.
Веб-аналитиката што користи колачиња за прибирање податоци за подобрување на изведбата на веб-сајтот спаѓа во оваа категорија. На пример, може да се користат за тестирање дизајни и за обезбедување доследни изглед и чувство за корисникот. Може да добиваме податоци и од нашите билтени по е-пошта или другите комуникации што ви ги испраќаме, вклучително и дали сте го отвориле или сте го проследиле билтенот и дали сте кликнале на неговите содржини. Ваквите податоци ни укажуваат на ефикасноста на нашите билтени и ни помагаат да испраќаме податоци што ќе ви бидат интересни.
Категоријава не ги вклучува колачињата што се користат за таргетирани рекламни мрежи засновани на однесување/интереси.
|
Функционални
|
Овие колачиња им овозможуваат на нашите Услуги да ги помнат вашите избори, на пример, корисничкото име, јазикот или регионот во којшто се наоѓате и да обезбедуваат подобрени, поперсонализирани функции и содржини. На пример, колачињава може да се користат за да се запомнат промените што се ги направиле на делови од веб-страниците што може да ги приспособувате.
Колачињава ги помнат изборите што ги правите за да имате подобро доживување. Ако не ги дозволите колачињава, тогаш некои од изборите што сте ги направиле при претходните посети на нашите услуги нема да се зачуваат.
|
Колачиња за таргетирање или рекламирање
|
Овие колачиња прибираат податоци за вашите навики на прелистување за да ви обезбедат реклами што се порелевантни за вас и да ги разберат вашите интереси. Се користат и за да ограничат колку пати ќе видите одредена реклама, како и за да помогнат при мерењето на ефикасноста на рекламите што ги споделува Spotify. Колачињава евидентираат дека сте посетиле некој веб-сајт и ваквите податоци може да се споделат со други организации, како огласувачите на реклами. Дополнително, Spotify може да споделува ограничени податоци со други платформи за рекламирање промоции, функции или нови изданија на Spotify на другите платформи. Ако не ги дозволите колачињава, ќе го искусите рекламирањето, но ќе биде помалку приспособено за вас.
|
3. Опции за управување со колачиња и реклами засновани на интереси
Поставки за веб-прелистувачот
Може да ги користите поставките за веб-прелистувачот за прифаќање, одбивање и бришење колачиња. За да го направите ова, следете го упатството во прелистувачот (вообичаено е лоцирано во поставките за „Помош", „Алатки" или „Измени").
Имајте предвид дека ако го поставите прелистувачот да одбива колачиња, можеби нема да може да ги користите сите функции на веб-сајтот на Spotify. За да добиете повеќе информации, појдете на www.allaboutcookies.org.
Мобилни идентификатори
На мобилниот уред, оперативниот систем може да ви обезбеди дополнителни опции за отстранување на рекламирањето засновано на интереси или друго ресетирање на мобилните идентификатори. На пример, може да ја користите поставката „Дозволи им на апликациите да бараат следење" (на уредите со iOS) или поставката „Отстрани ги рекламите засновани на интереси" (на уредите со Android). Поставкиве ви овозможуваат да ја ограничите употребата на податоците за вашата употреба на апликациите за реклами приспособени на вашите интереси.
Рекламирање засновано на интереси
Може да го отстраните добивањето реклами засновани на интереси, така што ќе ја исклучите опцијата „Приспособени реклами", лоцирана на страницата „Поставки за приватност" на вашата сметка на Spotify. Ако го отстраните добивањето реклами засновани на интереси со опцијата за приспособени реклами, Spotify нема да ги споделува вашите податоци со рекламни партнери од трета страна или да ги користи податоците добиени од нив за да ви прикажува реклами засновани на интереси. Сѐ уште може да добивате реклами кога ги користите услугите според податоците за регистрација на Spotify и користењето на Spotify во реално време, но рекламите може да бидат помалку релевантни за вас.
Одредени приспособени реклами коишто ви ги прикажуваме ние или давателите на услуги во наше име може да ја содржат иконата за „AdChoices" или друг механизам за отстранување на добивањето реклами засновани на интереси. Може да кликнете на иконата за AdChoices или да појдете на www.aboutads.info за:
- да дознаете повеќе за прибирањето и употребата на податоците за вашите активности онлајн за реклами засновани на интереси; или
- да ја отстраните употребата на вашите податоци за рекламирање засновани на интереси од страна на компаниите што се дел од Digital Advertising Alliance (DAA).
4. Ажурирања на политикава
Повремено може да ја менуваме политикава.
Кога ќе извршиме суштински промени на политикава, ќе ви обезбедиме видливо известување соодветно за актуелните околности. На пример, може да прикажеме видливо известување на „Услугите на Spotify" или да ви испратиме е-порака или известување на уредот.
5. Како да контактирате со нас
Ви благодариме што ја прочитавте политикава. Ако имате прашања за политикава за колачиња, контактирајте со нашиот „Службеник за заштита на податоци" преку деталите од формуларот за контакт со „Поддршката за клиенти" во Центарот за приватност или така што ќе ни пишете на следнава адреса:
Spotify AB
Regeringsgatan 19, SE-111 53 Stockholm
Шведска
SE556703748501
© Spotify AB.