Центар за безбедност и приватност

Приватност

Прибирање лични податоци

Многу ни е важно да разбереш кои лични податоци ги прибираме за тебе, како ги прибираме и зошто тоа е неопходно.

Ги прибираме твоите лични податоци на следниве начини:

  1. Кога се регистрираш за „Услугата Spotify“ или кога ќе ја ажурираш сметката ‒ прибираме одредени лични податоци за да ти создадеме сметка на Spotify, за да можеш да ја користиш „Услугата Spotify“. Ова ги вклучува името на профилот и адресата на е-пошта, како што е подетално опишано во делот 3 од нашата „Политика за приватност“.
  2. Преку твојата употреба на „Услугата Spotify“ ‒ кога ја користиш или пристапуваш до „Услугата Spotify“, прибираме и обработуваме лични податоци за твоите дејства. Ова ги вклучува пуштените песни и создадените плејлисти. Ова е категоријата „Податоци за употреба“ од делот 3 од нашата „Политика за приватност“.
  3. Лични податоци што одлучуваш да ни ги обезбедиш ‒ повремено, може да ни обезбедуваш и дополнителни лични податоци или да ни дадеш дозвола за прибирање лични податоци, на пример, за да ти обезбедиме повеќе функции или функционалности. Тука може да спаѓаат гласовните податоци, податоците за плаќање и купување и податоците за анкети и истражувања наведени во делот 3 од нашата „Политика за приватност“.
  4. Лични податоци што ги добиваме од извори од трети страни ‒ ако се регистрираш за Spotify со друга услуга или ако ја поврзеш сметката на Spotify со апликација, услуга или уред од трета страна, ќе ги добиваме твоите податоци од таквите трети страни. Исто така, може да добиваме податоци од давателите на технички услуги, партнерите за наплата и партнерите за рекламирање и маркетинг. Види го делот 3 од „Политиката за приватност“ за повеќе детали.