Мисијата на Spotify е да го ослободи потенцијалот на човечката креативност – давајќи им можност на милиони креативни изведувачи да живеат од своите дела и давајќи им можност на милијарди обожаватели да уживаат и да се инспирираат од нив. Веруваме дека постигнувањето на оваа мисија на нашата платформа е можно со прифаќање на различните форми на уметничко изразување, идеи, перспективи и гласови. Тоа може да значи дека одредени содржини на нашата платформа можеби нема да им се допаднат на сите поединци или дека се содржини кои ги поддржува Spotify.
Но, тоа не значи дека сѐ е дозволено на нашата платформа. Покрај условите со коишто се согласи, а ја уредуваат твојата употреба на нашите услуги, овие правила помагаат да се овозможи безбедност и пријатно доживување за сите.
Без разлика дали си музичар, поткастер или друг соработник, важно е да знаеш што не е дозволено на нашата платформа. Примерите во долунаведените делови служат за илустрација и не се исцрпни.
Spotify е дом на заедници во кои луѓето можат да создаваат, да се изразуваат, да слушаат, да споделуваат, да учат и да се инспирираат. Не промовирај насилство, не поттикнувај омраза, не малтретирај, не вознемирувај и не учествувај во какво било друго однесување кое може да создаде ризик од сериозни физички повреди или смрт на луѓе. Што да избегнуваш:
Содржините што застапуваат или величаат сериозна физичка штета врз поединец или група вклучуваат, но не се ограничени на:
Содржините што промовираат тероризам или насилен екстремизам вклучуваат, но не се ограничени на:
Содржините што таргетираат поединец или група што може да се идентификува за малтретирање или поврзана злоупотреба вклучуваат, но не се ограничени на:
Содржините што поттикнуваат насилство или омраза кон лице или група луѓе врз основа на раса, религија, родов идентитет или израз, пол, етничка припадност, националност, сексуална ориентација, ветерански статус, возраст, инвалидитет или други карактеристики поврзани со системска дискриминација или маргинализација вклучуваат, но не се ограничени на:
Содржините што промовираат опасни лажни или опасни измамнички медицински информации што може да предизвикаат реална штета или претставуваат директна закана за јавното здравје вклучуваат, но не се ограничени на:
Содржините што промовираат незаконска продажба на регулирани или незаконски добра вклучуваат, но не се ограничени на:
Содржините што промовираат, бараат или овозможуваат сексуална злоупотреба или експлоатација на деца вклучуваат, но не се ограничени на:
За создавање одлични доживувања на Spotify е потребна доверба дека луѓето се тие кои велат дека се, дека нема да ги измамат и дека никој не се обидува да манипулира со нашата платформа. Не користи злонамерни практики за да ги измамиш другите. Што да избегнуваш:
Содржините што лажно се претставуваат како други за да измамат некого вклучуваат, но не се ограничени на:
Содржините што промовираат манипулирани и синтетички медиуми како автентични на начини што претставуваат ризик од штета вклучуваат, но не се ограничени на:
Содржините што се обидуваат да манипулираат со или да ги попречат процесите поврзани со избори вклучуваат, но не се ограничени на:
Содржините што се обидуваат да ја искористат заедницата на Spotify вклучуваат, но не се ограничени на:
Имаме еден куп неверојатни содржини на Spotify, но постојат одредени нешта што не ги дозволуваме на нашата платформа. Не објавувај прекумерно насилни или сликовити содржини и не објавувај сексуално експлицитни содржини. Што да избегнуваш:
Содржините што промовираат сликовити или непотребни прикази на насилство, крвави сцени или други шокантни слики вклучуваат, но не се ограничени на:
Содржините што содржат сексуално експлицитни материјали вклучуваат, но не се ограничени на:
Законот си е закон. Без разлика на твојот идентитет, твоја одговорност е да се придржуваш до важечките закони и прописи. Што да избегнуваш:
Содржините што ги прекршуваат важечките закони и прописи вклучуваат, но не се ограничени на:
Содржините што ги нарушуваат правата на интелектуална сопственост на другите вклучуваат, но не се ограничени на:
Spotify настојува доследно и сразмерно да ги спроведува ваквите правила насекаде во светот, со комбинација од технологија и човечки прегледи. Покрај корисничките извештаи, користиме автоматски алатки што зависат од комбинација на сигнали за откривање содржини што можеби ги прекршуваат нашите „Правила на платформата“.
Имаме глобални тимови експерти кои ги развиваат, одржуваат и спроведуваат нашите „Правила на платформата“. Кога ќе се пријават или ќе се откријат содржини коишто потенцијално ги прекршуваат правилата, нашите тимови ќе преземат соодветни дејства за спроведување.
Сериозно ги сфаќаме овие одлуки и го имаме предвид контекстот кога ги проценуваме можните прекршувања на „Правилата на платформата“. Кршењето на правилата може да доведе до отстранување на содржината што ги крши правилата од Spotify. Повторените или екстремните прекршувања може да доведат до суспендирање и/или укинување на сметките. Дознај повеќе за другите дејства што може да ги преземеме за содржините или сметките тука.
Овие „Правила на платформата“ ќе помогнат Spotify да остане отворена и безбедна платформа за сите. Ќе продолжиме да ги проценуваме и да ги ажурираме информацииве според потребите, па проверувај редовно. Во зависност од производите или карактеристиките на Spotify што ги користиш, можеби подлежиш на дополнителни услови.
Најде проблем со некоја содржина на Spotify? Ако е така, извести нѐ така што ќе пријавиш тука.