Центар за безбедност и приватност

Дејства за содржини

Кои дејства можат да се преземат за содржините?

Постојат различни дејства што Spotify може да ги преземе во однос на содржините што ги прекршуваат Правилата на платформата, применливите закони или можеби содржат чувствителни теми. Овие дејства вклучуваат отстранување на содржините, ограничување на можноста за откривање на содржините, ограничување на можноста за монетизирање на содржините и/или применување ознаки со предупредувања за содржините.

Разгледуваме различни фактори кога утврдуваме кои дејства да ги преземеме, на пример, контекстот зад одредена тема или актуелен настан и сериозноста и/или зачестеноста на забележаните прекршоци како дел од процесот на прегледување. Земаме предвид различни алгоритамски и човечки мерки за откривање што ни помагаат да ги идентификуваме содржините за коишто можеби треба да се реагира, вклучувајќи ги корисничките пријави. Секоја злоупотреба на нашите процеси, вклучувајќи организирано пријавување на истата содржина или корисник, може да ти ја ограничи можноста за испраќање барања во иднина.

Отстранување на содржините

Ако содржините ги прекршуваат нашите Правила на платформата, може да се отстранат од Spotify.

Отстранување на сметката

Повторените и/или екстремните прекршувања на Правилата на платформата може да доведат до суспендирање и/или укинување на сметката. Имај предвид дека ова може да ги вклучува и сите поврзани сметки на Spotify.

Ограничување на можноста за откривање на содржините

Во случаите кога содржините се блиску до границата, но не го исполнуваат прагот за отстранување согласно со нашите Правила на платформата, може да преземеме мерки за ограничување на нивниот досег. Иако содржините ќе останат достапни на Spotify, може да бидат:

  • неподобни за промовирање на платформата;
  • намалени во препораките;
  • рангирани пониско во резултатите од пребарувањата; и/или
  • исклучени од некои функции на производите на Spotify.

За време на периодите со засилен ризик, често постои закана за повеќе штетни онлајн содржини, на пример, за време на избори, насилни конфликти или настани со многу жртви. Согледувајќи го ова, Spotify може да преземе дополнителни чекори за време на таквите настани, на пример, да го ограничи опсегот на одредени типови содржини и/или да нагласи навремени и доверливи ресурси.

Ограничување на монетизацијата на содржините од Spotify

Сите содржини не се подобни за монетизација на Spotify. Покрај Правилата на платформата, содржините што сакаш да се монетизираат ќе се разгледаат според нашите Правила за монетизација.

Вклучување предупредувања за содржините

Во ситуациите во кои може да е потребен дополнителен контекст за одредена тема, може да се примени етикета со предупредување за содржината со релевантни информации и/или за корисниците да се поврзат со навремени, доверливи ресурси.

Ограничување содржини во одредена држава или регион

Spotify е глобална заедница и ги почитува законите на државите во коишто работиме. Корисниците мора да се придржуваат до важечките закони и прописи. Содржините што не ги прекршуваат нашите „Правила на платформата“ може сепак да се ограничат во одредени држави или региони во коишто се утврдило дека содржините ги прекршуваат локалните закони.

Жалби

Опциите за поднесување приговор за одлуките за содржините се разликуваат во зависност од локацијата, а ние ќе продолжиме да ги прошируваме нашите способности во иднина.

Ако не се согласуваш со извршната одлука за твоите содржини или како реакција на твојата пријава, можеби ќе може да поднесеш жалба. За да го направиш тоа, следи ги упатствата од известувањето добиено од Spotify.