Целта на Spotify е да им овозможи на изведувачите да живеат од своите дела, а на милијардите обожаватели да им овозможи да уживаат и да се инспирираат од нив. Како поддршка за таквите напори, нашите глобални тимови работат деноноќно за да бидеме сигурни дека доживувањето е безбедно и пријатно за создавачите, слушателите и огласувачите на реклами.
На Spotify, најголемиот дел од времето за слушање се поминува на лиценцирани содржини. Без разлика кој ги создал содржините, наш врвен приоритет е да ѝ овозможиме на нашата заедница директно да се поврзува со музиката, поткастите и аудиокнигите што ги сака. Но, тоа не значи дека сѐ е дозволено.
Spotify строго забранува содржини што промовираат тероризам или насилен екстремизам и презема дејства за содржините што ги прекршуваат нашите Правила на платформата или законот.
Кога станува збор за насилен екстремизам, внимателно го разгледуваме однесувањето на ентитетите на и надвор од платформата, вклучително и (но, не ограничено на) насилно однесување и поттикнување насилство. Соработуваме со трети страни што се стручни за екстремизам за да бидеме сигурни дека носиме најинформирани одлуки во текот на ваквите процеси и го земаме предвид локалниот, регионалниот и културниот контекст.
Со потенцијално насилните екстремистички содржини се справуваме преку различните политики, коишто вклучуваат, но не се ограничени на:
Ги идентификуваме содржините што потенцијално ги прекршуваат правилата со проактивни методи на надгледување, користење човечка стручност и кориснички извештаи. Користиме и увиди од глобални експерти од трета страна за надгледување на новите трендови на злоупотреба и постојано го подобруваме нашиот пристап.
Кога станува збор за спроведување, може да преземеме различни дејства, вклучително и отстранување на содржините или создавачот, намалување на дистрибуцијата и/или демонетизација. Кога утврдуваме какво дејство да преземеме, го земаме предвид потенцијалниот ризик содржините да доведат до офлајн штети. Дополнителните фактори може да вклучуваат и:
Дополнително, кога корисниците пребаруваат насилни екстремистички содржини, може да им се посочат центри со ресурси што нудат поддршка за оние што биле изложени на радикализирачки содржини. Ваквите материјали се создадени во партнерство со експерти од трети страни, вклучувајќи го Spotify Safety Advisory Council, и ги поттикнуваат корисниците критички да ги проценуваат содржините што ги консумираат.
Просторов е суптилен, комплексен и постојано напредува. Посветени сме на повторување и подобрување на нашиот пристап за да ја заштитиме нашата платформа од насилни екстремистички содржини. Повеќе за нашата работа околу безбедноста може да прочиташ тука.