Центар за безбедност и приватност

Пријавување содржини на Spotify

Преглед

Во Spotify, се трудиме да го издигнеме креативното изразување и сакаме нашата заедница безбедно да може да го претстави својот автентичен карактер, но тоа не значи дека сѐ е дозволено.

Нашите долгогодишни Правила на платформата укажуваат што е, а што не е дозволено на Spotify. Приоритет ни е прегледот на содржините што имаат влијание врз малолетни лица, претставуваат поголем ризик за офлајн штета или може да се незаконски.

Какви дејства се преземаат против незаконските содржини или содржините што ги прекршуваат „Правилата на платформата“?

Кога ќе најдеме содржини што ги прекршуваат нашите Правила на платформата или се незаконски според локалните закони, може да преземеме различни дејства. Ваквите дејства може да вклучуваат отстранување на содржините, ограничување на дистрибуцијата, примена на советодавни ознаки на содржините и/или демонетизација.

Како се пријавуваат содржини на Spotify?

Ако сметаш дека некоја содржина можеби ги прекршува нашите Правила на платформата, пријави ја преку нашиот формулар за безбедно пријавување. Сопственикот на содржината нема да знае кој го пријавил.

За да пријавиш содржина за којашто сметаш дека ги нарушува твоите права на интелектуална сопственост или на друг начин го прекршува законот, контактирај со нас. Содржините пријавени преку формуларов (освен ако се пријавени од причини поврзани со интелектуална сопственост) ќе се разгледаат и во однос на прекршување на „Правилата на платформата“. Повеќе информации за политиката на Spotify за справување со нарушувањето на интелектуалната сопственост можеш да најдеш во нашата Политика за авторски права.

Злоупотребата на нашиот процес на пријавување може да доведе до ограничување на твојата способност за испраќање пријави во иднина, а повеќекратното прекршување на Условите за користење на Spotify, вклучувајќи ги нашите Правила на платформата, може да доведе до суспендирање или укинување на сметката.

Кој може да пријавува содржини?

Секој што има адреса на е-пошта може да пријавува содржини на Spotify, дури и ако нема сметка на Spotify. Имај предвид дека злоупотребата на нашиот процес на пријавување може да ја ограничи твојата можност за испраќање барања во иднина.

Дали може да се обжалат одлуките за содржините?

Опциите за поднесување приговор за одлуките за содржините се разликуваат во зависност од локацијата, а ние ќе продолжиме да ги прошируваме нашите способности во иднина.

Ако не се согласуваш со извршната одлука за твоите содржини или како реакција на твојата пријава, можеби ќе може да поднесеш жалба. За да го направиш тоа, следи ги упатствата од известувањето добиено од Spotify.

Како да пријавам други проблеми со апликацијата?

Ако откриеш неточни податоци или проблеми со функционирањето на апликацијата, може да ги пријавиш тука. Ако си изведувач, музичката куќа или дистрибутерот може да ти помогнат да ги решиш проблемите со твојата музика.