Центар за безбедност и приватност

Изборен интегритет на Spotify

Spotify е место на кое ќе го откриеш новиот омилен создавач, ќе откриеш нова песна од омилениот изведувач или ќе отклучиш аудиокнига што ќе ти отвори сосема нов свет. Иако мноштвото содржини на нашата платформа се лиценцирани, имаме реалистичен и внимателен пристап кон типовите содржини што може да се интензивираат за време на чувствителни настани како што се изборите. Нудиме место за креативно изразување и секогаш ќе нудиме широк опсег на содржини, но тоа не значи дека сѐ е дозволено.

Заштитата на нашата платформа за време на критичните глобални настани е врвен приоритет за нашите тимови и поминавме години развивајќи и усовршувајќи го нашиот пристап. Изборите се особено чувствителен временски период и онлајн и офлајн, а нашата главна цел секогаш е да го намалиме ризикот, со што ќе им овозможиме на нашите слушатели, создавачи и огласувачи на реклами да уживаат во нашите производи.

За да ги разбереме типовите штети до коишто може да дојде за време на изборите во некоја држава, земаме предвид различни индикатори, вклучувајќи го присуството на Spotify на пазарот, историските преседани за штети за време на периодите на гласање и новите геополитички фактори што може да ги зголемат ризиците на платформата. Бараме и фактори што се особено релевантни за платформата Spotify, на пример, одредени држави во кои аудиосодржините може да претставуваат проблем.

Постојано ги надгледуваме ваквите фактори и ги користиме нашите знаења за информирање на упатствата за политики и спроведување, за приспособување на интервенциите во производот и за утврдување каде може да имаме корист од дополнителни ресурси и/или увиди од трети страни. Конечно, нашата главна цел секогаш е да го намалиме ризикот, со што ќе им овозможиме на нашите слушатели, создавачи и огласувачи на реклами да уживаат во нашите производи.

Правила на платформата

Иако политичкиот дискурс и дискурсот поврзан со вести се добредојдени на Spotify, имаме Правила на платформата што ни помагаат да ги дефинираме параметрите за тоа кои содржините се, а кои не се дозволени. Ваквите правила важат за сите на платформата Spotify и ќе преземаме дејства секогаш кога ќе се прекршат.

Во нашите „Правила на платформата“ е јасно наведено дека содржините што се обидуваат да манипулираат или да попречуваат процеси поврзани со избори се забранети. Таквите содржини вклучуваат, но не се ограничени на, погрешно претставување на процедурите во граѓанските процеси што може да обесхрабрат или да спречат учество и залажувачки содржини наменети за заплашување или спречување на гласачите да учествуваат во изборите.

Експертски партнерства

Изборите низ светот се со различен ризик и опсег и различните типови штетни трендови што се манифестираат за време на ваквите засилени настани често се суптилни и хиперлокализирани. За да ги зголеми нашата глобална стручност и способностите за откривање, Spotify го набави Kinzen во 2022. Ова ни овозможува да спроведуваме опширни, континуирани истражувања на повеќе јазици и за клучни области од политиките, како дезинформации и говор на омраза. Нашите истражувања се поддржани од пионерската алатка наречена „Spotlight“, конкретно создадена за брзо идентификување потенцијални ризици во долгите аудиосодржини како поткастите.

Дополнително, склучуваме блиски партнерства со експерти за конкретни типови штети коишто вообичаено се забележуваат за време на изборите, како дезинформирање, говор на омраза и насилен екстремизам. Тука спаѓаат нашиот глобален Spotify Safety Advisory Council и Institute for Strategic Dialogue за да бидеме во тек со новите трендови и тактики за ублажување ризици.

Ресурси во производот

Исто така, поттикнуваме непартиски граѓански ангажман и ангажман на заедницата за време на клучните избори. Ваквата работа се занимава со поврзување на слушателите со доверливи, локални информации за време на изборниот период. Користиме комбинација од алгоритамско и човечко подредување за идентификување на содржините што ги прекршуваат нашите упатства и може да ги ажурираме нашите препораки за да се справиме со потенцијално манипулираните или опасни информации.

Во одредени случаи, споделуваме доверливи податоци за гласање како дел од непартиски кампањи за граѓанско ангажирање што се одвиваат на платформата, поттикнувајќи ги нашите корисници да се изјаснат, без разлика на нивната политичка определба. За време на ваквите кампањи, нашите глобални тимови и тимовите од конкретните пазари соработуваат за создавање навремени, тематски и локални содржини што се фокусирани на надминување на бариерите за гласање, на пример, објаснувајќи како да се регистрираш и каде да гласаш.

Откако ги започнавме нашите напори, ваквите кампањи поттикнуваат милиони посети на ресурсите за граѓанска ангажираност, помош за корисниците за проверка на гласачкиот статус, регистрација за гласање или повеќе информации за нивните локални избори.

Политички реклами

Во моментов, Spotify прифаќа политички реклами во одредени поткасти од трета страна преку Spotify Audience Network за ограничен број на пазари, вклучувајќи ги Соединетите Американски Држави и Индија.

Политичките реклами може да се прикажуваат во Spotify Audience Network и бесплатниот инвентар на услуги на Spotify поддржан од реклами. Сметката мора да биде подобна за политички реклами, а сопственикот на сметката мора да го изврши процесот за проверка на идентитетот на огласувачот на реклами. Политичките реклами се недостапни за купување преку нашата алатка за самоуслуга, Spotify Ad Studio.

Дополнително, бараме политичките реклами јасно да го обелоденат користењето на какви било синтетички или манипулирани аудиовизуелни содржини, вклучувајќи аудиовизуелни содржини создадени или изменети со алатки за вештачка интелигенција, коишто прикажуваат реални или реалистични луѓе или настани. Ваквото обелоденување мора да биде дел од рекламата и мора да биде јасно и видливо.

За да прочиташ повеќе за политичките реклами во пазарите каде што се понудени и да дознаеш за начинот на пријавување реклами за коишто сметаш дека ги прекршуваат нашите политики, разгледај ги уредничките политики за политичко рекламирање на Spotify.